ПИН – Професионална Инспирација, Комуникација и Мотивација, е движење за промовирање на етика и интегритет во деловноста со практично поттикнување кон личен и професионален растеж и успешен напредок во претприемништвото.

ПИН Стремеж

Нашето име го означува нашиот стремеж: Инспирација – Комуникација – Мотивација

Инспирација преку:

  • Автентични лични сведоштва за променети животи и успешни деловни стории.
  • Посочување на поинакви пристапни агли во работата.
  • Поттикнување кон нови можности за деловен напредок.
  • Проактивност која дејствува.

Комуникација преку:

  • Коучинг и менторство.
  • Градење на лични пријателски врски преку редовни средби и кафе-дружења.
  • Споделување и дискусија за суштинските прашања и предизвици во работата и животот.
  • Семинари, тренинзи и обуки.

Мотивација преку: 

  • Охрабрување, спроведување и поттикнување кон личен и професионален развој.
  • Мали љубезни дела на добродетелност.
  • Промовирање и практикување на вредности.
  • Инспирирање кон вредности.
ПИН

ПИН Вредносен светоглед

 

Во ПИН зборуваме за бизнисот, работата, деловноста, претприемништвото, менаџментот, човечките ресурси, парите, заработувањето, конкурентната предност и иновативната креативност во разните професии, и за етичките, праведни и чесни норми во работењето. Кога со труд, иновативност, чесност и многу љубов се води работата, успехот е резултатот. Примената на Христијанската библиска етика ја вреднуваме како единствено трајна и одржлива. Веруваме дека таа примена ќе резултира со промена кон подобро на лично ниво и ќе рефлектира од секој од нас, едно поинакво и подобро секојдневие.

Ние веруваме дека љубовта кон Бог, искрената вера и доследната примена на етиката во работењето може многу повеќе да го направи бизнисменот, или деловниот човек – чесен, со кредибилитет, со добродетелност, со праведен однос кон вработените, колегите и општеството.
Веруваме дека преку духовната лична преродба е можно да се постигнат плодоносни и благословени трајни промени во секојдневниот живот и во општеството.

ПИН Идеен поттик

Z

За етички промени во сите влијателни движечки сфери во општеството, со посебен фокус на работата, бизнисот и претприемништвото.

Z

За да деловните луѓе ја прифатат својата работа како свет повик од Бог и да станат добри управители на нивните дарови, таленти и ресурси.

Z

За Трансформација која води кон широк напредок. Веруваме дека духовно обновениот и трансформиран поединец создава трансформиран чесен деловен свет и трансформирано подобро општество.


Пријатели на ПИН

ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН
ПИН